8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака може да изгледа работната маса на Apple (видео)

Вака може да изгледа работната маса на Apple (видео)

apple desk

Како можете да знаете дали некој има добра идеа за производ кој може да го освои светот. Добар показател, меѓу другото, може да биде и тоа дека за идејата наместо потребните 6.500 долари, луѓето од цел свет да вложат повеќе од 100.000 долари.

Токму тоа се случи со новиот производ кој го дизајнираше Нејтан Мамерт. Станува збор за „Slate Mobile AirDesk“, за чие производство Мамерт побара помош преку „Kickstarter“.

Станува збор за држач со кој може да се олесни истовремената употреба на различни „Apple“ уреди.

„Slate Mobile AirDesk“ е рачно изработен од бамбус со простор за лаптоп и дупки кои се потребни за проток на воздухот, вградена подлога за глувче и место за смартфон и таблет. Овој држач е достапен во три бои, а има и дополнителна верзија која е прилагодена за левораките корисници.

apple desk1

Мамерт својот производ го претстави преку „Kickstarter“, каде за многу краток период собра неколку пати поголема сума на пари од онаа која ја имаше означено на почетокот.

Па така „Slate Mobile AirDesk“ од средината на јануари ќе се најде во продажба ширум САД, а можни се и нарачки преку интернет. Моменталната цена со попуст изнесува 98 долари, додека редовната цена ќе биде 130 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП