17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИселениците во татковината испратиле повеќе од 400 милијарди евра

Иселениците во татковината испратиле повеќе од 400 милијарди евра

world12

Износот на парите кој иселениците од целиот свет го пратиле во својата татковина, во текот на минатата година надминал 335 милијарди евра.

Во текот на последната деценија, износот на парите коj бил испратен е зголемен за три пати, а во моментов е за три пати поголем од вкупниот буџет кој во светот се издвојува за меѓународниот развој.

Една од причините за овој глобален трансфер на пари е тоа што повеќето луѓе не живеат во својата татковина или не живеат заедно со останатите членови од семејството.

Во светот има, како што велат проценките, повеќе од 215 милиони иселеници. Кога сите тие би живееле во една држава, тогаш таа би била петтата најнаселена земја во светот, зад Кина, Индија, САД и Индонезија.

Претставниците на Светската банка веруваат дека овој износ на пари е многу поголем, бидејќи трансферот на пари не се врши секогаш преку банките и компаниите кои се занимаваат со парични трансфери.

Во многу земји, приливот на пари од иселениците е значително поголем од официјалната помош која ја добиваат овие земји. Најмногу пари одат во Индија и Кина (повеќе од 43,9 милијарди евра во секоја земја), потоа Филипини и Мексико (повеќе од 17,3 милијарди евра во секоја земја) и Нигерија (15 милијарди евра).

Податоците на Светската банка покажуваат дека индиските иселеници, на пример, во Британија, во својата татковина пратиле речиси 2,9 милијарди евра во 2011 година. Истата година, британската влада за Светскиот фонд за помош на истите, издвоила само 324 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП