3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомплетен пакет од „Близу“ за новогодишните празници

Комплетен пакет од „Близу“ за новогодишните празници

blizu3

Сите нови корисници кои ќе потпишат договор до 31.12.2013 го добиваат  пакетот „Делукс“ по намалена цена

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес го лансира новиот пакет со три услуги „Старт Делукс“, во кој се вклучени бројни поволности за новите корисници.

Промотивниот пакет ги содржи:

 – сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали (HD пакетот, Супер, Супер плус и Тринг макс);

– интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер; и

– фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на „Близу“.

Пакетот е со цена од 999 ден. месечно и е дополнет со бесплатен КА модул, уред за дигитална телевизија и бесплатен модем за интернет и телефонија.

Оваа ограничена понуда важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор на 24 месеци до 31 декември 2013 г.

„Пред официјалниот крај на оваа исклучително успешна година за „Близу“ решивме да го збогатиме своето портфолио со уште една одлична комбинација на услуги, за неверојатно достапна цена и со одлични придобивки за оние кои ќе станат нови членови на нашето корисничко семејство”, изјави Искра Секуловска, Маркетинг директор во „Близу“ .

Од операторот најавија зголемени активности во претстојниот предновогодишен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП