28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy Note 3 - За два месеци испорачани 10 милиони примероци

Galaxy Note 3 – За два месеци испорачани 10 милиони примероци

note galaxy

Компанијата „Samsung“ објави дека испорачала 10 милиони примероци од уредот „Galaxy Note 3“ за првите два месеци од продажбата.

Иако не станува збор за бројот на продадени примероци на крајните купувачи, секако дека е многу значаен и големиот број кога во прашање е новиот фаблет. Ова е значаен успех ако се има во предвид дека станува збор за најбргу продаваниот „Galaxy Note“ фаблет, досега.

На оргиналниот модел му беа потребни девет месеци да дојде до оваа бројка, додека „Galaxy Note 2“ тоа го постигна за четири месеци.

Инаку само за споредба, на премиум моделот на „Samsung“ – „Galaxy S4“ му беа потребни 50 дена да за дојде до бројката од 10 милиони продадени примероци.

„Samsung“ објави дека во септември овој фаблет се појавил во продажба во 58 земји, но достапноста на нови пазари се очекува бројката од продажбата дополнително да се зголеми. Инаку овој уред е многу популарен на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП