19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPad Air ја надмина продажбата на претходниот модел

iPad Air ја надмина продажбата на претходниот модел

ipad air mair

Во деновите по пристигнувањето на пазарот, „iPad Air“ покажува извонредни резултати кои се одразуваат за неговата застапеност меѓу останатите уреди на овој производител. Како што е од претходно познато, последниот во низата „iPad“ уреди, се користи се повеќе и е подобро прифатен од своите претходници.

Сега пристигнуваат и малку подетални податоци на компанијата „Fisk“ кои уште еднаш тоа го потврдуваат. Имено, „iPad Air“ за само 38 дена од своето појавување забележа удел од 3,57 проценти.

За споредба, најдобар досега во овој показател беше „iPad 4“, кој во истиот број на денови од појавувањето на пазарот оствари дури 1,81%.

Очекуваната количина на продадени „iPad Air“ во ова тромесечије се движи околу 11 милиони примероци, а најдобриот период за неговата продажба допрва доаѓа, како што најави и самиот Тим Кук, дека во САД се очекува уште еден „iPad Сhristmas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП