27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAdidas и Nike во битка за надмоќ во Бразил

Adidas и Nike во битка за надмоќ во Бразил

adi nike

Додека националните тимови во фудбал следната година ќе се борат за светската титула во Бразил, по фудбалските терени ќе се води и друга битка за светска доминација – меѓу гигантите за спортска опрема „Adidas“ и „Nike“.

Во моментов „Nike“ контролира 14.6 проценти од светскиот пазар на спортска опрема, во споредба со 11,4 проценти на „Adidas“, а притоа и скратувајќи ја предностата на германската марка во Европа.

„Adidas“ поседувал 13,2 проценти од западноевропскиот пазар на спортска стока во 2012-та година во споредба со 12,4 проценти во уделот на пазарот на „Nike“. Во текот на повеќе од 40 години логото на „Adidas“ ги краси фудбалски тимови и чевли. Компанијата има силни партнерства кои ја ставаат во добра позиција за претстојниот предизвик – блиски односи со германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен од кој поседуваат 9 проценти и со ФИФА. „Adidas“ предвидува рекордни 2 милијарди евра од продажба на фудбалска опрема во 2014-та година и зголемување на продажбата на компанијата до 17 милијарди евра за 2015-та година.

Американската компанија „Nike“ влегува на фудбалскиот пазар дури во 1994-та година. Компанијата веќе има неколку сериозни партнерства со фудбалски клубови, меѓу кои и со англискиот шампион Манчестер Јунајтед. Од „Nike“ не ги објавуваат податоците од продажбата по категории, но прогнозираат вкупна продажба во износ до 30 милијарди долари за 2015-та година, што укажува дека од компанијата очекуваат силни перформанси за време на Светското првенство.

„Nike“ забележа 8 проценти скок на продажбата во Европа за првото тримесечје на фискалната 2013-та година, кое заврши кон крајот на август. За истиот период, продажбата на „Adidas“ во Европа забележа пад за 7 проценти. „Adidas“ навистина ќе се потруди да потсети за своето присуство во Бразил, чии национален тим е спонзориран од „Nike“. Бразил го освои светското првенство рекордни пет пати, а земјата е синоним на убавиот фудбал, што значи дека се крева многу врева покрај турнирот и покрај спортските екипи на „Nikе“.

„Adidas“ има за цел да го наметне своето присуство со играчи како Лионел Меси и Месут Озил, чии репрезентации, Аргентина и Германија се спонзорирани од „Adidas“, како и преку официјалната топка на првенството „Brazuca“ која се продава по цена од 160 долари, но е бесплатна за сите Бразилци родени на денот на нејзиното претставување, па „Adidas“ го користи и т.н. „амбуш маркетинг“.

Според Клаус Јост, претседателот на синџирот продавници за спортска опрема, „Intersport“, рекламните лица на „Nike“ како Франк Рибери и Кристијано Роналдо се една од причините за зголемување на продажбата на брендот во Европа. Најпопуларните промотивни лица исто така се во основата на севкупниот успех на „Nike“. Импресивната листа со промотивни агенти на „Nike“ ги вклучува актуелни ѕвезди како фудбалерот Роналдо, тенисерот Роџер Федерер, голферите Тајгер Вудс и Рори Макилрој и легендарни спортисти како Карл Луис и Мајкл Џонсон.

Најголемиот предизвик во битката помеѓу брендовите ќе е кој ќе ја освои круната да биде „кул“ – нешто што е доста потешко од тоа да создадеш нов производ. Во моментов пазарните набљудувачи и консултанти велат дека „Nike“ изгледа има предност пред „Adidas“ благодарение на раното спроведување на нови технологии, кои потоа им помагаат во поголемото присуство на компанијата во социјалните медиуми. „Nike“ има близу 2,5 милиони следбеници на „Twitter“, во споредба со малку над 570.000 на „Adidas“. Компанијата исто така комуницира подобро на „Facebook“ со своите обожаватели, отколку „Adidas“ со своите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП