ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБројот на новородени деца во Македонија во пад, лани родени повеќе машки...

Бројот на новородени деца во Македонија во пад, лани родени повеќе машки деца!

Продолжува негативниот тренд во Македонија кога станува збор за наталитетот во државата. Официјалните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека во текот на ланската година во земјава се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени.

Официјалните податоци покажуваат дека бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во извештајот може да се забележи дека, во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули и тоа 1 531. Според возраста пак на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години. 

„Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години. Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година. Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Што се однесува до податоците во Европската Унија, нивните последни податоци ги објави европската агенција за статистика за периотот од 2024 година кои покажуваат дека во таа година се родиле 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3 % во споредба со 2023 година.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП