8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали совети за намалување на килограми

Мали совети за намалување на килограми

namaluvanjekil156

Обично секому му се најтешки „за решавање“ оние 3-4 килограми кои стојат меѓу моменталната и идеалната тежина. За да се постигне оваа мисија, потребно е да се прифатат некои прехранбени навики со чија примена стрелката на вагата конечно ќе застане на посакуваната бројка.

Веќе стотина пати сте чуле дека метаболизмот има клучна улога во топењето на вишокот килограми. Еве нешто што може да направите за да го подобрите неговото функционирање:

Одредете си време за грицкање

Најдобар начин да го намалите внесувањето на слатки и солени грицки е да одберете време од денот кога овие „слатко/солени гревови“ ќе ви бидат дозволени. Конзумацијата на мали количини на сладолед, чоколади или чипс после ручек или вечера може да ви помогнат да ја контролирате вашата желба за ваквите грицки.

Пијте овошен сок или вода пред оброци

Различните пијалоци пред оброк може да го намалат апетитот, а пред сите, изборот може да падне на водата како најдостапен здрав пијалак кој подоцна во текот на јадењето „ќе ве потсети“ дека всушност сте сити пред да го почувствувате тоа. Ако се одлучите за сок од различни видови овошје – нема проблем: организмот ќе го нахраните со дополнителни витамини и минерали.

Јадете седејќи и уживајте во секој залак

Оние кои јадат од нога многу поверојатно ќе се здебелат во споредба со оние кои ја густираат храната седнати. Оддвојте си време доручекот и ручекот да ги изедете во мирна, пријатна атмосфера, без брзање. Утврдено е дека луѓето кои јадат со седење, јадат побавно – со што му ја олеснуваат задачата на дигестивниот систем.

Избегнувајте пластични садови

Многу студии покажуваат дека користењето пластични садови не е најсреќна варијанта, бидејќи тие содржат синтетички хемикалии кои се однесуваат како естрогенот, односно можат да допринесат за дебелеењето. Од прехраната не е лошо да ја исфрлите и храната од конзерви кои често содржат синтетички хемикалии, пијалаци во пластични шишиња, како и месо спакувано во пластика (или друга храна која пред конзумирање е потребно да ја загреете во пластичен сад).

Акција…

И нормално, обидете се наместо да лежите – да седите, па потоа наместо да седите – да стоите и нормално потоа наместо да стоите – да се движите, бидете активни во текот на целиот ден, резултатите ќе ви предизвикаат насмевка на лицето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП