Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

