Покрај прославата и радоста, Божиќ е време за трошење пари на нови и префинети украси…
Но, дали би сакале да потрошите 4,6 милиони долари на Божиќен венец, ако знаете дека тој ќе трае само неколку дена?
Кралскиот цветен дизајнер Паси Коинен-Картер го креираше најскапиот Божиќен венец кој е достапен по цена од вистинско мало богатство.
Овој венец со пречник од 60см е креиран од најлуксузните цвеќиња и листови, а украсен е со 16 рубини и 32 дијаманти, со вкупна тежина од 138 карати.
Меѓу овие драгоцени камења, најмногу внимание привлекува живиот рубин од 17.49 карати и префинетиот жолт дијамант од 3.03 карати.