2 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Alrosa намален за 8 %

Профитот на Alrosa намален за 8 %

alrosaal1

Нето профитот на рускиот производител на дијаманти „Alrosa“ за првите девет месеци од оваа година е намален за осум проценти на годишно ниво, на 22,93 милијарди рубљи (692 милиони долари), соопшти компанијата.

Приходите на „Alrosa“ во периодот од јануари до септември оваа година се зголемени за 16 проценти, на 121 милијардa рубљи, а добивката пред оданочување, камати и амортизација е зголемена за шест проценти на 51,27 милијарди рубљи, пренесува агенцијата Итар тас.

Вкупниот долг на компанијата на крајот на септември изнесувал 148 милијарди рубљи (4,58 милијарди долари). Долгорочните кредити и заеми сочинуваат 66 проценти од структурата на долгот, а околу 74 проценти се индексирани во долари.

Капиталните загуби на компанијата за првите девет месеци од оваа година се зголемени за 12 проценти во однос на истиот период минатата година, на 23,75 милијарди рубљи.

Инвестициите во проширувањето на производствените капацитети се зголемени за 12 проценти, на 9,74 милијарди рубљи.

„Alrosa“ е група на руски компании кои се занимаваат со екстракција и производство на дијаманти. Минатата година „Alrosa“ произведе 34,4 милиони карати дијамантска суровина, а приходите достигнаа 151 милијарда рубљи.

Најголеми акционери во компанијата се Руската Федерација (44 проценти), Република Саха (Јакутија 25 проценти), додека во слободен промет се наоѓаат 23 проценти од акциите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП