Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2026 година изнесува 68 743 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година е намалена за само 54 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 84 117 денари.
Најмногу пари и натаму се потребни за храна. За набавка на храна на едно четири члено семејство му се потребни 25 475 денари. За облека и обувки потребни 6 334 денари. Пресметката на ССМ покажува и дека за режиски трошоци на четири членото семејство му се неопходни 6 338 денари. За набавка на средства за лилчна хигиена од домашниот буџет треба да се одвојат 2 667 денари.
Пресметката на синдикалците покажува дека за здравствени услуги и набавка на лекови трошоците на месечно ниво во мај изнесувале 1196 денари. Во однос на средствата наменети за транспорт, во анализираниот период за четиричленото семејство за јавен превоз биле потребни 5 041 денари. За подмирување на сметките за комуникации биле потребни 3 677. За рекреација и за посета на култирни манифестации во биле потребни 5 592 денари. А трошоците за образование во април надминуваат 7 000 денари. За ресторански услуги пресметката е дека неопходни биле 4 131 денари. За останати стоки и услуги според пресметката на синдикалците потребни биле уште 1 100 денари.
Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.
И.П



