Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави:
„Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Бидејќи во текот на зимските месеци, знаете како и што се случува во главниот град, загадување и слично, цениме дека на овој начин ќе обезбедиме побрз и еколошки транспорт на голем дел од нашите сограѓани. На реконструираната пруга, електрифицирана, тие ќе можат да се движат, сега со брзина од 80 до 90 километри на час, наместо досегашните од 20 до 30.

