ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАГерманци и Турци најбројни туристи во месец март

Германци и Турци најбројни туристи во месец март

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2026 година 73 921 туристи оствариле 134 233 ноќевања.

Во март 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во март 2026 година изнесува 134 233, од кои 26.5 % се од домашните туристи, а 73.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.

Најмногу странски туристи во март пристигнале од Германија 9 645, од Турција 9 090, од Франција 4 945 и од Србија 3 955.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП