ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОпштина Аеродром ја казни фирмата со 20.000 евра која незаконски фрлаше отпад

Општина Аеродром ја казни фирмата со 20.000 евра која незаконски фрлаше отпад

Општина Аеродром ја казни фирмата ХСА Конструкцион ДООЕЛ од Батинци за незаконски одлагање отпад во Долно Лисиче со глоба од 20.000 евра.

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.

Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, велат од Опшина Аеродром.

Како што велат, општината продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територија на општината.

Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции, посочуваат од општината.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП