ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОд полноќ дизелот поевтинува за 4 денари

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78% во однос на одлуката од 4.5.2026 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,00 денари за литар, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/литар, а цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 49,968 ден/кг.

Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 89,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,968 (денари/килограм)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП