Индустриското производство во март 2026 година е зголемено за 3.0 % во однос на март 2025 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %. Во исто време, бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во март 2026 во однос на март 2025 година. Податоците на статистичарите велат дека бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Извештајот на статистика покажува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

