24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНова линија на луксузен накит

Нова линија на луксузен накит

nakit2

Ова мора да е година на ѕверови, со оглед на тоа дека неколку дизајнери вклучија животински имагинации во своите ексклузивни колекции. Француската модна куќа „Lanvin“ е уште еден бренд кој го прави тоа токму со својата нова линија на луксузен накит. „Les Bijoux Pandora“ накитот вклучува глава од лав кој напаѓа. Овие украси не се за оние кои не сакаат да излегуваат од своите сигурни зони и оној кој ќе избере да ги носи ова парче накит е навистина бестрашен.

nakit1

Едноставно, „Lanvin“ ги дизајнираше медаљоните во „Pandora“ да изгледаат како неверојатни трофеи- секој лав е направен од месинг и има скапоцен камен во својата застрашувачка вилица. Во исто време и опасни и прекрасни, овие парчиња совршено ќе изгледаат на жените кои се подготвени да ја нападнат баналноста.

nakit4

Можат да се носат како појас, ѓердан или нараквица. Овие глави од лав се доста големи и можат да имаат син, жолт или леден скапоцен камен во устата. Кога ќе го имаат своето деби за сезоната есен/зима, овие егзотични глави од лав сигурно ќе ги преправат матните и обичните колекции накит и ќе бидат идеални за жените кои не се плашат за својата дива страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП