2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle ќе прави роботи!

Google ќе прави роботи!

google-as-a-giant-robot

„Google“ откри дека во последната половина година купил седум компании за роботика и започнале со регрутирање на персонал кој ќе развива сопствени производи на компанијата.

Раководител на новата поделба е Енди Рубин кој претходно беше главен во развитокот на „OS Android“, кој во почетокот на 2013-та година се откажа од функцијата шеф на одделот на оперативниот систем на „Google“.

Сите стекнати компании се занимаваат со развојот на хуманоидни роботи. Од компанијата изјавија дека роботите ќе бидат искористени за индустриски цели и нема да се продаваат на крајните корисници.

Првите роботи ќе бидат наменети за производни и логистички задачи, главно за составување на електроника и автоматизирање на транспортот. Аналогни производи веќе има на пазарот: порано компанија „Rethink Robotics“ го пушти во употреба робот „Baxter“, а познатиот кинески производител „Foxconn“ веќе користи роботи на своите погони.

Од „Google“ не откриваат конкретни планови за новата амбиција, но признаваат дека имаат ваков план кој го опишуваат како „пукање кон Месечината“.

„Како и секоја голема амбиција, мора да размислуваме за времето како фактор. Ни треба доволно простор и визија за 10 години однапред“, коментира Енди Рубин.

Меѓу компаниите кои Рубин ги доведе во „Google“ е „Schaft“, тим на јапонски роботичари кои неодамна го напуштија токискиот универзитет за да можат да развиваат хуманоиден робот, како и „Industrial Perception“ кој работи на системот за компјутерска перцепција и роботски раце за утовар и истовар на камиони.

Исто така ја купија компанијата „Bot & Dolly“, производителот на роботски камери кои се користени за специјални ефекти во филмот „Гравитација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП