25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанки казнети со рекордни 1.7 милијарди евра

Банки казнети со рекордни 1.7 милијарди евра

banking-jobs

Рекордна парична казна во износ од 1,7 милијарди евра им беше наложена на водечките европски и американски финансиски институции за манипулација на меѓубанкарските каматни стапки.

Германската „Deutsche Bank AG“ доби парична казна од 725 милиони евра, што беше и најголема изречена казна. Глобата на француската институција „Societe Generale SA“ е во износ од 446 милиони евра, додека на „RBS“ – 391 милиони евра. „JPMorgan Chase & Co.“ ќе мора да плати 80 милиони евра. Наметнатата казна е најголемата во историјата на ЕУ .

„Тоа што е шокантно во случајот, не е само манипулација на меѓубанкарските каматни вредности, следени од целата инвестициска заедница, туку соработката на банките една со друга во услови во кои се претпоставува дека би требало да се натпреваруваат една со друга“, коментираа денес од европските регулатори.

Вредноста на загубите за финансиските институции, сепак може да биде надмината далеку над нивото на наметнатите казни, заради очекуваните тужби против нив од големи институции како и граѓанските тужби.

„UBS AG“ и „Barclays Plc“ не беа казнети, бидејќи тие беа првите кои ги информираа регулаторите за шемата. Така швајцарската банка ќе добиеше потенцијална казна во износ од 2,5 милијарди евра , додека „Barclays“ избегна казна од близу 690 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП