3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарак Обама: 2013 ќе биде година на економски раст

Барак Обама: 2013 ќе биде година на економски раст

20130203-122621.jpg

Тековнава 2013 може да биде година на солиден економски раст, за што веќе има позитивни сигнали во секторот на недвижности, во индустријата и во отворањето нови работни места, изјави американскиот претседател Барак Обама.

– САД треба да ги намалат трошоците за здравствена заштита и да ги затворат „дупките“ во даночниот систем што ги користат компаниите и богатите, порача Обама во редовното неделно обраќање до нацијата.

Меѓутоа, аналитичарите проценуваат дека и покрај позитивните сигнали од секторот за недвижности, зголеменото индустриско производство и најавите за нови вработување, сепак се уште постојатат стравувања околу перспективите на економскиот раст.

Во прилог на ваквите стравувања одат податоците дека во јануари 2013 стапката на невработеност во САД пораснала на 7,9 отсто од декемвриските 7,8, како и дека во последниот лански квартал американската економија забележала пад од 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП