24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИднината на економијата: Кој ќе владее со светот?

Иднината на економијата: Кој ќе владее со светот?

Футуристичките анализи, говорат дека економската ситуација во наредните децении ќе биде потполно различна.

Студијата на лондонската компанија Шродер Инвестмент, наведува дека во наредните четириесетина години ќе се зголеми бројот на граѓани за 30 проценти, па храната и енергенсите ќе станат бенефиција.

Друго истражување на банкарската компанија Ситигруп, предвидува турбуленции на економскиот пиедестал. Кина ќе го претекне САД по бруто домашниот производ, а поголем БДП од Русија ќе има Индија.

Бројот на граѓани на земјите, според проценките на Шродер Инвестмент, до 2050 година ќе се зголеми за третина, па потрошувачката ќе биде многу поголема. Оние кои трошат дневно од 10 до 100 долари, ќе бидат за три милијарди повеќе.

Двете футуристички анализи говорат за новиот економски стил- Кина. Шродер Инвестмент вели дека оваа земја до 2060 година ќе има удел во светската економија од 28 проценти и ќе стане водечка економија во светот. Банкарската компанија Ситигруп, ја „исфрли“ Кина во прв план уште многу порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП