4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеизвесно е продолжувањето на соработката PSA-BMW

Неизвесно е продолжувањето на соработката PSA-BMW

BMW-PSA

Договорот за соработка помеѓу „Peugeot-Citroen (PSA) и „BMW“ истекува во 2016-та година, а според зборовите на директорот на германската компанија, Норберт Рејтхофер, одлуката за продолжување на истиот, се уште не е донесена.

Во интервју за францускиот весник „Eko“, Рејтховер наведе дека спортивно на плановите од пред неколку години, врската меѓу двата производители на автомобили не се зајакнала, поради тоа што нивните циклуси за обновување на производите, не се совпаѓаат.

По 2016-та година, двете компании најверојатно ќе го прекинат партнерството во секторот на мали бензински мотори, затоа што германскиот производител веќе развива сопствени верзии на мотори со три, четири и шест цилиндри.

Од друга страна, „PSA“ ќе ја зајакне врската со „General Motors“(GM) во оваа област.

Останува да се види како најавеното доаѓање на Карлос Таварез на чело на француската компанија во иднина ќе влијае на идните проекти, како и преоговорите со кинеската компанијата „Dongfeng“, која би можела да се стекне со 30 проценти од капиталот на „PSA“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП