Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.
Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.

