ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„OnePlus 15T“ ќе биде „мал флегшип без компромиси“

„OnePlus 15T“ ќе биде „мал флегшип без компромиси“

„OnePlus“ подготвува нов компактен премиум смартфон – „OnePlus 15T“, кој ќе биде наменет за корисници што сакаат помали телефони без да се откажат од врвните перформанси.

Информациите за уредот ги откри претседателот на кинеската филијала на компанијата, Ли Џие, преку социјалната мрежа „Weibo“. Според него, новиот модел ќе биде позициониран како „мал флегшип без компромиси“ и ќе се натпреварува во сегментот на компактни премиум телефони.

Телефонот ќе има 6,32-инчен рамен екран со заоблени агли и многу тенки симетрични рамки, што му дава елегантен изглед и поудобно користење со една рака.

Една од најинтересните карактеристики ќе биде батеријата. Според најавите, уредот ќе доаѓа со батерија од 7.500 mAh – капацитет кој е поголем од батериите кај многу смартфони со значително поголеми екрани.

Освен тоа, ќе биде поддржано и 100W брзо полнење, како и технологија за директно напојување од полначот при играње игри или користење апликации што трошат многу енергија. Ќе има и 50W безжично полнење.

Во делот на камерите се очекува унапредување со LUMO перископска телефото камера, која овозможува оптички зум без значително испакнување на модулот.

Телефонот ќе добие и сериозни сертификати за отпорност – IP66, IP68, IP69 и IP69K, што значи подобра заштита од вода и прашина. Дополнително, се споменува и 3D ултразвучен сензор за отпечаток од прст, како и поддршка за магнетни додатоци, меѓу кои полначи, заштитни маски и системи за ладење.

Од компанијата најавуваат дека новиот модел ќе донесе подобрувања во перформансите, квалитетот на екранот и гејминг искуството, а повеќе детали за дизајнот се очекуваат во текот на оваа недела.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП