Продолжуваат активностите за раззеленување и уредување на училишните дворови во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). По успешната реализација на првата фаза од отворање на конкурсот во септември 2025 година, кога беа раззеленети четири училишни двора со повеќе од 500 садници, оваа година проектот продолжува со нови активности во две училишта: ОУ „Маршал Тито“ во с. Банско, Струмица, и ОУ „Андреја Савевски – Ќикиш“ во Тетово. Во овие училишта, со посадени вкупно 160 садници, дворовите добија свеж и обновен изглед.
Садењето се одвиваше во прекрасна и инспиративна атмосфера, исполнета со активно учество на децата. Учениците со голема радост и внимателност учествуваа во секој дел од процесот, што им овозможи да стекнат практични знаења и да се поврзат со природата на еден непосреден начин. Тие покажуваа вистински интерес, поставувајќи многу прашања за важноста на зачувувањето на зеленилото и животната средина, а поддршката од експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД) придонесе ова искуство да биде и едукативно и мотивирачко – активностите беа збогатени со едукативни предавања кои ги реализираа експерти од Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел учениците преку непосреден контакт со природата и садењето да стекнат знаења за значењето и важноста од грижата за животната средина.





