6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPanasonic најавува помалку фотоапарати

Panasonic најавува помалку фотоапарати

fotoaparat panasonic

Во „Panasonic“ се намалуваат трошоците, а на мета овој пат се фотоапаратите. Компанијата за следната година планира намалување на вложувањата во развојот на фотоапаратите.

Овој потег ќе резултира и со помал број на претставени модели во следната година. Во склад со политиката за намалување на трошоците во помалку профитабилни производи, бројот на нови компактни фотоапарати ќе биде преполовен во однос на оваа година и ќе изнесува само пет модели. Во компанијата се надеваат дека со овој потег ќе ја осигураат профитабилноста на одделението за фотоапарати.

Тековната фискална година „Panasonic“ ќе ја заврши со четири милиони продадени фотоапарати што е пад во однос на шестте милиони примероци од една година претходно. Според очекувањата, ова исто така ќе биде втора година поред во која одделението на „Panasonic“ за фотоапарати ќе забележи загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП