ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата генерација на „Xbox“ конзоли ќе направи најголем пресврт во историјата на...

Новата генерација на „Xbox“ конзоли ќе направи најголем пресврт во историјата на овој бренд

„Microsoft“ го подготвува „Gen-10 Xbox“ како платформа која во основа ќе биде гејмерски компјутер базиран на системот „Windows 11“, но со класичен интерфејс „TV-first“ и целосна компатибилност со игри за: „Xbox One“, „Xbox Series X|S“ и постари генерации.

Концептот веќе е делумно навестен преку „Xbox Ally“ на „ASUS“, каде што „Xbox“ интерфејсот работи како слој над „Windows“ и ги исклучува непотребните процеси за да се добие чиста гејмерска средина. Корисникот ќе може да се префрли на целосен „Windows“ режим доколку е потребно и да користи апликации од „PC“ платформи како што е „Steam“, што практично го прави „Xbox“ универзална машина за игри.

„Xbox Gen-10“: повеќе уреди, еден екосистем

Според достапните информации, „Microsoft“ има повеќегодишно партнерство со „AMD“, а внатрешното име на „SoC“ е „Magnus“. Изјавите на извршната директорка на „AMD“, Лиса Су, дополнително ги поттикнаа очекувањата дека следната генерација на „Xbox“ би можела да се појави во 2027-ма година, иако во рамките на „Microsoft“ тој рок сè уште не е цврсто утврден. Фокусот е на тоа искуството да се направи што е можно подобро и поелегирано, дури и ако тоа значи дополнителни одложувања.

Цената засега е голема непозната. Поради зголемувањето на цените на меморијата, тарифите и нестабилниот пазар на компоненти, „Microsoft“ сè уште не знае колку ќе чини „Xbox Gen-10“. Сепак, се очекува да биде премиум уред, додека постојниот „Xbox Series X|S“ ќе има подолг животен век од претходните генерации. Ова значи дека корисниците на „Series S“ нема одеднаш да бидат „отсечени“ од новите игри.

Паралелно, „Microsoft“ планира поширок хардверски екосистем. Покрај сопствената конзола, во играта влегуваат и „OEM“ партнери како што е „ASUS“, кои би понудиле уреди компатибилни со „Xbox“ во различни ценовни опсези. Сè уште постои интерес за првиот официјален „Xbox“ рачен уред, иако тоа не е непосреден приоритет.

Визијата „Xbox Everywhere“ исто така вклучува слобода на избор на продавница за игри, со потенцијална поддршка за „Steam“ и „Epic Games Store“, како и посилно отворање на платформата кон други системи. „Microsoft“ не мора нужно да се стреми кон рекордни бројки на продажба за сопствената конзола, туку да ја прошири софтверската платформа „Xbox“ каде што е можно.

Доколку планот успее, „Xbox“ од генерацијата 10 нема да биде само нова конзола, туку и основа за сосема нов пристап кон гејмингот, замаглувајќи ги границите помеѓу компјутерот и конзолата. Амбициозен, ризичен, но потенцијално клучен за иднината на брендот „Xbox“, известува „Windows Central“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП