21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром извезе 17 проценти повеќе гас

Газпром извезе 17 проценти повеќе гас

gazprom

Рускиот гигант „Газпром“ објави дека во периодот од јануари до ноември во ЕУ и Турција се извезени 144,9 милијарди метри кубни гас.

Тоа е за 17 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Според прелиминарните резултати кои ги објави „Гаспром Експорт“ во ноември се извезени 13,9 милијарди метри кубни гас, што претставува пораст од 32 проценти на годишно ниво.

Просечната цена на гасот била околу 387 долари за 1.000 метри кубни.

„Ова се многу добри резултати кои покажуваат дека овогодишниот позитивен тренд продолжува понатаму“, оценуваат во „Гаспром“ и додаваат дека главни причини за порастот на извозот е ладниот почеток на годината и подолгата грејна сезона.

Се истакнува дека на основа на добрите резултати за првите 11 месеци, обемот на извозот би можел да достигне до 160 милијарди метри кубни за целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП