26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбјавени наградите на „The Banker“ - НЛБ Тутунска банка „Најдобра банка во...

Објавени наградите на „The Banker“ – НЛБ Тутунска банка „Најдобра банка во Македонија за 2013 година„

banka-nlb

На свечената церемонија којашто се одржа на 28 Ноември во Лондон, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2013 година.

За најдобра банка во Македонија за 2013 година е прогласена НЛБ Тутунска банка.

Наградата за најдобрите банки се базира на постигнати извонредни финансиски резултати во услови на нови глобални регулативи, засилена конкуренција и намалена економска активност во повеќето земји.

НЛБ Тутунска банка во 2012 година оствари добивка од 8,1 мил. ЕУР или 10% поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на Банката, современите системи за управување со ризиците и професионална услуга која овозможува креирање долгорочна деловна соработка со клиентите.

Во 2013 година, НЛБ Тутунска банка започна нова пазарна иницијатива со која се иницира нов инвестициски циклус кај претпријатијата и населението. Со новата кредитна понуда на Банката ќе бидат опфатени домаќинствата и сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански дејности, за што се започнати и нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси, што ќе им овозможи на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП