
Фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок од две места на ФИФА ранг листата објавен денеска.


Фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок од две места на ФИФА ранг листата објавен денеска.
Македонската репрезентација сега е на 84. место со 421 поен, колку што има Конго. Во овој период Македонија не одигра натпревар, а минималниот напредок се должи на учинокот на селекциите кои се во близина на македонската селекција на листата.
На врвот во ТОП 10 редоследот е следен: Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил. Следното рангирање ќе биде на 19.декември.