9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија треба да се откаже од статусот финансиски центар

Британија треба да се откаже од статусот финансиски центар

Велика Британија треба да се откаже од статусот европски финансиски центар, за да може на членките од еврозоната да им се обезбеди поголема контрола на единствената европска валута, рече гувернерот на француската Централна банка, во разговорот за лондонскиот Фајненшал Тајмс.

Во разговорот за Фајненшал Тајмс, кој беше објавен во понеделникот, Христијан Ноер изјави дека Лондонскиот Сити неоправдано ја игра водечката улога во финансискиот сектор во еврозоната.

-Поголемиот дел од бизнисите со еврото, треба да се одвиваат во рамките на еврозоната – изјави Ноер за Фајненшал Тајмс. „Тој бизнис е поврзан со капацитетите на Централните банки, за да ја зголеми ликвидноста и гаранциите за контрола на валутата“.

Ноер истакна дека не се противи на фактот дека во Лондон се водат операциите во евра, истакнувајќи дека „повеќето операции би требало да бидат под заедничка контрола“. Британија стравува дека членките на еврозоната планираат да го поткопаат лондонскиот статус – европски финансиски центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП