28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСуперавтомобил вреден 3,4 милиони долари

Суперавтомобил вреден 3,4 милиони долари

kola1

 

Во авто-салонот во Катар беше претставен моделот „Lykan Hypersport“ на компанијата од Блискиот исток „W Motors“.

Севкупно ќе бидат направени седум примероци, а цената на еден автомобил изнесува 3,4 милиони долари (околу 2,5 милиони евра).

Иако некои можеби ќе му замерат на неоригиналниот дизајн, „Lykan Hypersport“ секако има впечатлив изглед, со интересно обликувана маска на ладилникот и полуискривени фарови, а интересно е и решението за задниот дел на автомобилот со стоп светлата во форма на бумеранг.

 

kola2

 

Кога станува збор за спецификацијата на моторот и перформансите, „Lykan Hypersport“ има со што да се пофали. Централно сместената, шестоцилиндрична погонска единица е со два турбо полначи и е во состојба да развие 750 кс и максимален вртежен момент од 1.000 Нм.

Според тврдењата на производителот, „Lykan Hypersport“ од место до 100 км/ч развива за 2,8 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 395 км/ч.

 

kola3

 

Во споредба со моделот „Lykan Hypersport“, може да се каже дека „Bugatti Veyron“ или „Pagani Huayra“ се поевтини, но во компанијата „W Motors“ додаваат дека, секој купувач на нивниот ексклузивен автомобил како подарок добива специјален часовник „Cyrus Klepcys“ вреден повеќе од 200.000 долари.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП