ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android“ телефоните ќе доаѓаат со батерии од 10.000 mAh од следната година

„Android“ телефоните ќе доаѓаат со батерии од 10.000 mAh од следната година

Пазарот на „Android“ телефони влегува во нова фаза во која батериите од 7.000 mAh, 8.000 mAh, па дури и 10.000 mAh стануваат реалност. Неколку големи кинески брендови, вклучувајќи ги „Xiaomi“, „OnePlus“, „Realme“ и „Honor“, активно подготвуваат телефони со батерии од 10.000 mAh, претежно во средниот ценовен сегмент.

Во исто време, гласините велат дека „Xiaomi“ развива модел со батерија од 10.000 mAh и поддршка за полнење од 100 W, каде што целосното полнење би траело околу еден час.

Иако телефони со толку големи батерии постоеле и претходно, тие биле претежно робусни и премногу тешки. Клучно за промената е унапредувањето на силициум-јаглеродните батерии и новите генерации аноди, кои овозможуваат големи капацитети без драстично зголемување на дебелината и масата на уредот.

Сепак, експертите забележуваат дека не е сигурно дека вакви модели ќе се појават надвор од Кина, бидејќи пазарите во САД и ЕУ имаат строги ограничувања за максималниот капацитет на една батерија.

Концепт телефонот на „realme“ претставен во август привлече посебно внимание, уред со батерија од дури 15.000 mAh и дебелина од само 8,89 mm, базиран на сосема нова генерација на 100% силиконска анода.

Доколку трендот продолжи, 2026-та година би можела да биде годината во која класичниот „power bank“ ќе стане целосно непотребен, бидејќи ќе биде заменет со самиот телефон, пишува „LTN“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП