20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките и враќаат на ЕЦБ 3,5 милијарди евра

Банките и враќаат на ЕЦБ 3,5 милијарди евра

ecb2

Европската централна банка (ЕЦБ) во петокот објави дека, идната недела 27 банки од еврозоната ќе и вратат вкупен износ од 3,48 милијарди евра од поволните кредити.

Како дел од итните мерки за зајакнување на ликвидацијата, т.н. долгорочна операција на рефинансирање, ЕЦБ на банките од еврозоната во декември 2011 година им овозможи кредити со многу поволна каматна стапка и рок на отплата до три години, со можност за отплата веќе по една година.

Оваа недела 278 банки ја искористија таа опција и исплатија дури 137,16 милијарди евра за таквите кредити.

ЕЦБ преку две аукции, во декмври 2011 и февруари 2012 година, понуди многу евтини кредити во износ од над 1.000 милијарди евра.

Во тоа време, во ЕЦБ таквите мерки ги нарекувале клучен потег за спречување на опасноста од кредитна криза.

Во двата круга, заемите на ЕЦБ содржеа клаузула за можна предвремена отплата на кредитот веќе по една година, ако банките се одлучат на тоа. Првиот рок за отплата беше на 30 јануари, а вториот на 27 февруари.

После тоа отплатата на кредитот може да продолжи на неделна основа, во зависност од побарувачката.

Според мислењето на поединечни експерти, износите од вратените кредити се знак за подобрување на ситуацијата на финансиските пазари, бидејќи сугерираат на тоа дека банките имаат полесен пристап до изворите на финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП