Луксуз, женственост и гламур- три зборови кои совршено ја опишуваат новата колекција на очила од „Prada“…
„Precious Ornate“ колекцијата, како што ни кажува името, го прикажува влијанието на уметноста на изработката на накит, како и популарните барокни рамки. Сите три стила кои се прикажани во оваа модна колекција се украсени со уникатни барокни мотиви и рачно вградени кристали.
Навистина се гледа неверојатната умешност и стручност на брендот „Prada“, како и нивната посветеност на луксузните детали.
Рачно нанесените кристали и богатиот декор креиран со специјална техника, ги прави овие очила гламурозни и „must have“ аксесоари за оваа година.