
„Mouawad“ луксузната рачна торба влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа рачна торба во светот…


„Mouawad“ луксузната рачна торба влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа рачна торба во светот…
Брендот „Mouawad“ произведува и продава ексклузивен накит и часовници кои се вистинско уметничко ремек дело. Брендот е застапен на сите пазари во светот, и е препознатлив како стандард за префинето создавање на луксузни аксесоари.

Рачната торба која е наречена „The Mouawad 1001 Nights Diamond Purse“ чини 3,8 милиони долари. Оваа торба е дизајнирана од страна на „ Fred & Pascal Mouawada“.

Оваа рачна торба во облик на срце која е рачно изработена, содржи 18-каратно злато и 4.517 дијаманти (105 жолти, 56 розеви и 4.356 безбојни) со вкупна тежина од 381.92 карати.