3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo: Ни вработените не користат Yahoo mail!

Yahoo: Ни вработените не користат Yahoo mail!

Yahoo Mail

Кога неможете да ги принудите ни сопствените вработени да го користат вашиот производ, како тогаш ќе убедите некого?

Тоа важи и за интернет гигантот „Yahoo“, кој овие денови се „црвени“ поради електронската порака која „процури“ од седиштето во Силиконската долина.

Во пораката, потпретседателот за производна комуникација, Џеф Бонфорте вели дека само 25 проценти од вработените користат „Yahoo mail“.

Непријатноста да биде уште поголема, ваквата бројка е резултат на тоа што раководните лица на сите вработени им нареди да преминат од „Yahoo mail“ на „Microsoft Оutlook“.

„Очигледно не успеавме да ги убедиме нашите вработени да го користат „Yahoo Mail“. Не дека од Вас бараме да напуштите некое величенствено место за комуникациска нирвана. Во овој момент, „Outlook“ можеби Ви делува познато, што често пати се меша со фактот дали производот е добро дизајниран“, стои во електронската порака.

„Yahoo Mail“ беше „мета“ на критики во последните неколку месеци поради целосниот редизајн кој се случи во октомври.

На овие промени се пожалија 300 милиони корисници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП