3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВредноста на Dropbox веќе е 8 милијарди долари

Вредноста на Dropbox веќе е 8 милијарди долари

unbound-dropbox

Вредноста на најпопуларната услуга за онлајн споделување на датотеки – „Dropbox“,  веќе се проценува на 8 милијарди долари. „Dropbox“ почна да работи од 2007-та година и е вистинска атракција за инвеститорите. Се смета дека ова технолошко „чудо“ ќе биде следниот хит на берзата.

Извршниот директор, а исто така и ко-основач на сервисот – Дру Хјустон , изјави дека неговата компанија е осудена на успех, бидејќи го прави тоа што го правеше „Microsoft“ во почетокот на својот развој – ги поврзуваше обичните и бизнис корисници.

Од друга страна, има и скептици кои сметаат дека „Dropbox“ заедно со останатите слични услуги како „FourSquare“, „Pinterest“ и „Airbnb“ ќе западнат порано или подоцна во криза и ќе имаат целосен неуспех. Тоа е тешко да се оправда денес, кога „Dropbox“ има повеќе од 200 милиони обични корисници и над 4 милиони бизнис претплатници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП