Тутунската индустрија во земјава драстично се трансформира во изминатите неколку години – од производство на класични цигари кон модел кој им дава приоритет на иновациите базирани врз научни сознанија и потребите на потрошувачите. Иновативниот пристап во оваа индустрија има голем потенцијал за развој, но тој мора да се обликува преку наука, партнерски иницијативи и одговорна регулација, истакнаа учесниците на панел-дискусијата посветена на тутунот и тутунската индустрија „Надвор од листот: Иновација, истражување и регулатива“ што се одржа во рамки на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна (ISAF 2025) во Охрид.
Еволуцијата на една од најзначајните земјоделски гранки во Македонија ја движат стратешки партнерства, како што е заедничкото вложување меѓу компанијата „Филип Морис Интернејшнл“ (ФМИ) и Тутунскиот комбинат Прилеп (ТКП) кое трае веќе десет години. Претставниците на овие компании, кои беа дел од панелот, истакнаа дека од потпишувањето на заедничкиот договор во 2014 година, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) го прошири извозот на 12 пазари, вклучувајќи ги и земјите во ЕУ, постигна енергетска самоодржливост и достигна рекордни количини во производството. Тутунот останува централен ресурс во трансформацијата на ФМИ која развива алтернативи без чад наменети за возрасните пушачи кои избираат да не се откажат од никотинот. Притоа, стратегијата на ФМИ се фокусира на развој и одговорно промовирање на производи без чад како помалку штетна алтернатива на цигарите, со долгорочна цел – да создаде иднина без чад.



