28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing: Внимавајте, нашите мотори замрзнуваат

Boeing: Внимавајте, нашите мотори замрзнуваат

boeingzamrzn

Американскиот производител на авиони „Boeing“ ги предупреди авиокомпаниите на можните проблеми во врска со создавањето на лед во моторите на некои од своите нови модели на авиони.

Во соопштението на „Boeing“ се наведува препораката дека со авионите со одредени мотори кои ги произвела компанијата „General Electric“ треба да се избегнуваат летовите во близина на бура која содржи кристали лед, пренесува агенцијата АП.

Потрпаролот на „Boeing“, Марк Биртел изјави дека предупредувањето е издадено откако во одредени случаи, формирањето на кристали лед лошо влијаело врз перформансите на моторот.

До создавање на кристали лед доаѓа во моторите на моделите 747-8 и 787, наречени „Dreamliner“, кои се дел од флотата на авиопревозниците „Japan Airlines“, „Lufthansa“, „United Airlines“ и „Air India“, наведуваат од „Boeing“.

„Со цел да се намалат шансите за создавање на кристали лед, „Boeing“ препорачува авионите да летаат на одалеченост од најмалку 92 километри од бурите кои можеби содржат кристали лед“, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП