20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУрбаната приказна на ARTHUR’S продолжува во ТЦ Рамстор

Урбаната приказна на ARTHUR’S продолжува во ТЦ Рамстор

d

Број еден компанијата за увоз на спортска опрема ARTHUR’S, вчера (22.11) отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор.

Љубителите на урбаниот стил и спортувањето добија уште едно место за купување на спортска облека и на омилените старки и DR. Martens. На отварањето, кое беше исполнето со многу забава, дружење и наградување, присуствуваа голем број на посетители и јавни личности, меѓу кои Влатко Стефановски  и Бени кои се потпишаа на гитарите во продавницата.

a

„Со ARTHUR’S пораснаа многу генерации, а цел на компанијата е таа приказна и понатаму да се развива.  Поради тоа денеска ја отвараме петтата продавница во Скопје. Посебно сме горди на тоа што ARTHUR’S  прерасна во препознатлив бренд, а нашите легендарни старки и DR. Martens како и останатите брендови, од отворањето на првата продавница ги освоија симпатиите на потрошувачите“, изјавија од менаџментот нa ARTHUR’S.

b

Сите присутни на отварањето имаа можност да купуваат по намалени цени, а еден од нив кој се покажа најдобар на натпреварот во најбрзо нанижување врвки на старки доби подарок патики од богатата колекција на Converse. Но, ARTHUR’S мисли на сите. Освен на победникот, им додели награди и на останатите учесници во натпреварот.

v

Додека посетителите ги разгледуваа моделите од најновите колекции на брендовите Converse и Dr.Martens, за добрата забава се погрижи бендот Амон Мра.

g

Освен оваа, ARTHUR’S има уште четири продавници во Скопје и тоа во ГТЦ и во трговските центри Беверли Хилс, Мавровка и Skopje City Mall.

r

t

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП