20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на странските инвестиции ќе ја подобри бизнис климата

Советот на странските инвестиции ќе ја подобри бизнис климата

Странските инвеститори се жалат на бизнис климата во Македонија, и сметаат дека постојат многу области каде што треба да се поправи ситуацијата.

Во Советот на странски инвеститори, сметаат дека падот на странските инвестиции годинава е последица главно на европската и глобалната криза, а не на структуралните или нов вид проблеми со кои се соочува Македонија. Претседателот на Советот на странски инвеститори во Македонија, Даниел Сас, изјави дека, намалувањето на странските инвестиции е резултат на тоа што Македонија е дел од глобалниот, европскиот и регионалниот амбиент, и поради тоа е многу тешко да се одржи нивото на странските инвестиции како во минатите години. Вкупниот број на вложувања можеби не е голем, но постојат ветувачки проекти кои се почнати во слободните економски зони, дури и надвор од нив. Мислам дека Владата прави доста напори кои на долгорочно ниво ќе доведат до зголемување на инвестициите, а ние сме тука за да помогнеме во тоа.

Сепак како голем проблем, Сас го истакна големиот број на скриени трошоци при добивањето на одреден број одобренија и дозволи, особено на локално ниво. Тој потенцираше дека „Системот на оданочување во земјава со рамен данок е стимулирачки и привлекува инвестиции, но постојат и други административни давачки кои се сметаат за одреден вид на оданочување. Постои можност да се подобри ситуацијата со административните давачки посебно кога се работи за општините кои ги толкуваат на различен начин во поглед на дозволите и лиценците за странските инвеститори. Разговаравме за тоа со ЗЕЛС и се надевам дека ќе имаме добра соработка за да се упрости постапката за административните давачки, дозволи и лиценците кои за многу индустрии претставуваат проблем.

Од Советот за странски инвестиции најавуваат низа на активности за подобрување на деловната клима во Македонија. Во активна координација со фирмите членки се детектираат проблематичните области во кои е потребно унапредување. Деталите и препораките ќе бидат содржани во таканаречената Бела книга што ќе се објави наредната година. Дел од нив ќе се однесуваат на Законот за работни односи, правниот систем и на системот за оданочување, кој иако е поволен, сепак има одредени пречки и проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП