„Converse Chuck Taylor All Star“, бренд некогаш познат како „All Star“, константно произведува свои креации уште од 1917 година…
Во ера кога дизајнот на патиките се менува на годишно ниво, концепт на дизајн кој трае без прекин повеќе од 96 години, е навистина нешто неверојатно, поготово кога ќе знаеме дека некои брендови не траат толку долго, а не па нивните производи.
Патиките „икони“ кои го поминаа патот од светски најбарани кошаркарски патики до обележја на еден животен стил, и понатаму се омилени и поради својата долга историја и едноставноста.
Последниот мејковер кој го добија „All Star“ патиките потекнува од Нејт Лоуман. Тој ги трансформираше регуларните патики во вистинско ремек дело. За оваа креација му биле потребни десет часови работа, а добиле и „Just One Eye“ печат и негов потпис.
Тој за оваа колекција користел свои оргинални дела, поточно, деконструирал две свои платна кои го претставувале Вилиам Де Конингов, славниот портрет на Мерилин Монро. Деконструираните платна се користени за креирање на 21 уникатен пар на „Chuch Taylor“ патики, или како што се познати кај нас, „Стартки“.
Оваа луксузна серија е ограничена на само 21 пар, овие патики можат да се купат онлајн по цена од само 25.000 долари.