17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевообичаен Тајландски премиер, управува со земјата преку Skype

Невообичаен Тајландски премиер, управува со земјата преку Skype

taki

Во изминатата година најважните политички одлуки на Тајланд ги носеше поранешниот премиер Таксин Шинаватра.

Таксин Шинаватра носеше одлуки од странство и тоа преку „Skype“, соопштија официјалните претставници на владеачката партија.

Правило во тајландската политика било, доколку некој сака некоја важна позиција во владата, да мора првенствено да се види со Таксин.

Таксин кој во 2008 година ги избегна обвинувањата за корупција, го заобиколува светот со приватен авион, разговара со министри преку мобилен телефон, а ги има десетина, испраќа пораки преку разни медиумски платформи и преку меил чита владини документи кои му ги испраќаат службеници.

Од Дубаи, Лондон, Африка, места каде има рудници со злато и азиски држави кои редовно ги посетува, Таксин со помош на интернет и мобилна технологија разви еден од најнеобичните начини за управување со државата.

„Со него можеме да контактираме во секое време“, изјави Чарупонг Руангсуван, министер за внатрешни работи и генерален секретар на партијата Пеу Таи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП