23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСовети за здрави гради

Совети за здрави гради

zdravi gradi1

Женските гради се дел од телото кој бара редовна нега и котрола. Во последно време ракот на градите е убиец број еден во светот за жената. Затоа внимавајте на градите, посветете им доволно внимание и спречете ги навреме болестите. За почеток прочитајте пет совети.

Внимавајте на градникот

Градникот мора да биде точен во големината. Ова е особено важно кај секоја жена без разлика колкави гради има. Секогаш бирајте градник кој ќе овозможи добра подршка на вашите гради.

Било какви промени на дојката нека бидат причина за посета на лекар

Овде мислиме за буквално било каква промена. Значи мислиме на промена на кожата, брадавицата, форма, големина, конституција… Имајте на ум дека не секоја топчеста творба на градите може да е рак.

Мамографија

Мамографијата се прави најмногу кај жените во поодминати години, најчесто над четириесет, но ова не значи дека сте безбедни и дека немате потреба да направите доколку сте помлади од четириесет. Секоја жена која има над 25 години би било добро да направи мамографија од време на време.

Семејна историја

Доколку имате било каква семејна историја на болести на градите, не пропуштајте за тоа да го информирате лекарот.

Телесна тежина

Жените кои имаат поголема телесна тежина се повеќе склони кон појава на карцином на градите. Потребна е редовна контрола доколку имате зголемена телесна тежина, а исто така е важно да правите што повеќе напори да се ослободите од вишокот на килограми како и да се ослободите од стресот. Жените после менопаузата се особено ризична група и мора редовно да се прегледуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП