
Со престижна локација овој нов имот располага со панорамски поглед кон градот кој го одзема здивот на секого…


Со престижна локација овој нов имот располага со панорамски поглед кон градот кој го одзема здивот на секого…
Тој го отсликува ултимативниот гламур и стилот на Лос Анџелес со секој квадратен сантиметар. Ги содржи сите луксузни погодности, така што станарите ќе можат да се опуштат и да уживаат во животот.
Домот е исполнет со огромни стаклени прозори и лизгачки стаклени врати кои ви овозможуваат панорамски поглед кон градот.
Ентериерот се состои од три спални соби, фантастично распределени на 540 квадратни метри, престижна кујна, лифт, вински подрум и многу други луксузни погодности во целата куќа. Главната спална соба навистина е посебна, таа има свој камин, огромен туш на пареа и подови со специјално греење на сензори.
Овој дом во моментов е на продажба, а неговата цена изнесува 7,825 милиони долари…
Уживајте во прекрасните фотографии…






