5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја подобрите личната продажба

Како да ја подобрите личната продажба

pesonalseelind

Претпријатијата своето внимание го насочуваат кон огласувањето, додека личната продажба е занемарена – потисната. Но личната продажба е многу важен дел на промоцијата, бидејќи продавачот може директно да влијае на одлуката на тоа дали да купувачот ќе купи одреден производ или не.

Кај личната продажба важно е продавачот да поседува голем број на информации за производот/услугата и да има одредени презентациски и продажни вештини. Исто така личната продажба се смета за еден од најефикасните облици на промоција, бидејќи продавачот може да се прилагодува на самиот купувач во текот на продажниот разговор.

Како да ги подобриме резултатите на личната продажба?

Прво треба да го припремите теренот. Под ова подразбираме, потенцијалните купувачи да се запознаени со Вашата компанија по пат на интернет презентација, огласи…итн. Ова ќе Ви овозможи добра основа за директен контакт. На ваков начин ќе го забрзате процесот на донесувањето на одлуката за купување.

Друга важна работа е личниот настап. Првите неколку секунди од контактот помеѓу продавачот и купувачот се пресудни за самиот исход на продажбата. Тоа значи дека Вие како продавач прво морате самиот себе да се продадете. Запаметете –  луѓето стопанисуваат само со оние што ќе ги засакаат. Направете со што можете за да се допаднете на купувачите и да оставете позитивен впечаток.

Постои една поделба на купувачи. Според оваа поделба постојат три групи на потенцијални купувачи:

-Оние кои знаат што ќе пазарат

-Оние што знаат што не пазарат

-Оние што не знаат што сакаат и дали нешто сакаат

Последната група има удел од 60 проценти во сите купувања. Овие купувачи се подлежни на Вашето внимание и овие купувачи можете да ги насочите кон купување на Вашите производи/услуги.

Како што рековме, прво што ќе забележат купувачите е тоа како изгледате. Вашата облека, ставот и однесувањето се важни фактори за впечатокот што го оставате кај потенцијалните купувачи. Вашиот настап не зборува само за тоа колку сте педантни, одмерени и компетентни, веќе и колку озбилно ги доживувате Вашите купувачи. Во сите супермаркети, банки итн., можете да видите дека сите продавачи се пристојно облечени според пропишаниот дрес код.

Значи убаво сте се дотерале, оставивте позитивен прв впечаток кон потенцијалните купувачи, но сега следува разговорот со купувачите. Убавата облека нема да ви помогне да го подобрите разговорот. Дури еден погрешен збор може да Ви ја упропасти продажбата. Внимателно слушајте! Во она што купувачите ви го зборуваат, се наоѓа голем број на корисни информации кои ќе ви помогнат околу продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП