15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Сомнителни индикатори за темпото на закрепнување

Кина: Сомнителни индикатори за темпото на закрепнување

kina1

Активностите во кинескиот индустриски сектор се забрзаа во јануари, покажаа две одделни истражувања, но нивните резултати водат кон спротивни заклучоци во врска со темпото на закрепнување. Службениот индекс на менаџерите за набавка, кој го изработуваат Кинеската федерација за логистика и набавка и Државното националното биро за статистика, во јануари се намали на 50,4 поени, од 50,6 поени кои беа забележани во претходниот месец.

Индексот на менаџерите за набавка (PMI), кој го изработува британската банка „HSBC“ во јануари достигна највисоко ниво во последните две години од 52,3 поени, со што е зголемена прелиминарна проценка од 51,9 поени. Во претходниот месец индексот изнесуваше 51,5 поени. „HSBC“ при изработката на извештајот се фокусира на помалите компании.

„PMI“ е широко прифатен барометар за состојбата во кинеската економија, при што вредноста над 50 поени сигнализира раст на активноста, а онаа помалата сигнализира пад.

Официјалниот индекс се намали во август и септември, што се совпаѓа со слабеењето на растот на економијата на Кина во третиот квартал, на најниско ниво во последните три години. Во октомври и ноември индексот се врати во позитива, забележувајќи 50,2, односно 50,6 поени. Неговата вредност за јануари е помала од онаа која ја очекуваа аналитичарите, кои предвидоа дека ќе се зголеми на 51,0 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП