20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот гас поевтин за Европејците

Рускиот гас поевтин за Европејците

gazprom1

Руската нафтена компанија Газпром ќе ја намали цената на гасот за клиентите од Европа, кои се во тешка ситуација поради економската криза.

Просечната цена на гасот ќе биде 360 долари за 1.000 метри кубни. Просечната цена за 1.000 метри кубни гас изнесуваше 386,7 долари во 2012 година и 383 долари во 2011 година.

Газпром склучува договори со секоја енергетска група посебно, а условите на договорот остануваат доверливи. Цената на рускиот гас варира од земја до земја.

Газпром во првиот квартал од 2012 година, на Велика Британија и продаде гас по цена од 313 долари, но за Полска, Бугарија и Чешка цената за 1.000 кубни метри изнесуваше повеќе од 500 долари.

Во истиот период цената на 1.000 метри кубни гас за Франција изнесувала 393,7 долари, за Швајцарија 442,2, а за Германија 379,3 долари.

Газпром има намера да ја намали цената на гасот, така што цената во оваа година во споредба со цената од првиот квартал од 2012 за Полска ќе биде намалена за 27 проценти, за Бугарија за 22 проценти, Швајцарија 25, Чешка 26, Грција 12, Италија 11, Финска 16 и Франција за 8 проценти.

Газпром во средината на јануари објави дека во 2012 година забележал намалување на извозот на гас од осум проценти во Европа.

Газпром контролира една четвртина од светките резерви на нафта и обезбедува една четвртина од потрошувачката на гас во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП